Средношколци во Скопје се тепале за девојка

На 12.04.2023 во СВР Скопје пријавено дека во 14:10 часот пред Средното медицинско училиште „Др.Панче Караѓозов“ во Скопје настанала физичка пресметка помеѓу двајца ученици во училиштето од една страна и неколку ученици од средното училиште „Васил Антевски Дрен“, од друга страна.

Фото: Архива на пулс24/илустрација

Како што информира МВР, а според пријавеното, тепачката се случила поради расправија за девојка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.