Српската дива ја прими втората доза на вакцина – ниту медицинскиот персонал не ја препозна Цеца во оваа нова трансформација

Фолк-sвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ пристигна на саемот во Белград денес околу 12 часот, каде во салата 3 ја прими втората доза на вакцината „Синофарм“, кинески производител.
Насмеана и расположена, пејачката ги поздрави собраните медиуми и ја прими втората доза на вакцина за коронавирус.
Откако ја напушти кабината, каде разговараше со докторот, Цеца ја спушти завесата и ја зеде со себе на главата. Кога сфати што сторила, се смеела, како и присутните медиуми, кои веднаш го сликале тој момент.


По симпатичната „несреќа“, Цеца ја прими вакцината, а на собраните медиуми им рече:
-Сметам дека секој совесен граѓанин треба да се вакцинира за да се заштитиме себеси, а потоа своето семејство и луѓето кои не опкружуваат. Со оглед на тоа дека имав корона, како што е познато, имав одредена количина на антитела, па по совет на лекар тоа го направив сега.

Мораме да сфатиме, здравствените работници вложуваат огромни напори да се грижат за нашите граѓани и никогаш не смееме да го заборавиме тоа. Мислам дека луѓето треба да се вакцинираат и дека тоа е нивна обврска. Сакам да се вратиме во живот, да одржуваме концерти, да се радуваме и да се гушкаме! Ајде сите да се обидеме тоа да се случи што е можно побрзо – апелираше Цеца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.