1 кг кори за баклава
350 г ореви
200 г гриз
150 мл масло
2 кесички ванилин шеќер
150 г маргарин
1,5 кг шеќер
900 мл вода
1 лимон
1. Оревите се сечат долгнавесто и тенко, гризот се пржи и а во него се додава 1 ванила.
2. Дното на тава бр.32 се мачка со масло, се редат корите една врз друга. На секоја кора попрскувајте масло и наросете гриз измешан со ванилата. На секоја втора или трета кора нанесете ореви. Долните и горните неколку кори оставете ги без ореви.
3. Наредената баклава прелијте ја со растопен маргарин.
4. Печете околу еден час, покриена со фолија на почетокот. Кога ќе се излади, се полива со шербет од 1,5 кг шеќер и водата, ванилин шеќер и кругчиња лимун при крајот.