Судењето на актерот Алек Болдвин за убиство од небрежност е закажано за 10-ти јули, одлучи судијата во Ново Мексико во понеделникот.
На Болдвин ќе му се суди за фаталното пукање во снимателката Халина Хачинс во 2021 година во текот на снимањето на вестернот „Rust“. Обвиненијата против Болдвин веќе еднаш беа отфрлени.
Хачинс почина кога репликата на револверот „Colt.45“, со кој Волдвин вежбал двобој во црква надвор од Санта Фе, испукал бое куршум кој притоа тешко го рани и режисерот Џоел Соуза.
На реквизитерјата на сетот на „Rust“, Хана Гутиерез, ѝ се суди за наводно носење на вистински „Colt.45“, и она што обвинителите го нарекоа „расеана и непрофесионална“ работа. Таа на полицијата ѝ рекла дека го наполнила пиштолот на Болдвин со вистински куршум, помешувајќи го со лажен.
Како Болдвин, и Гутиерез се соочува со обвинение за убиство од небрежност. Нејзините адвокати тврдат дека таа е жртвено јагне за непочитувањето на правилата за безбедност на огненото оружје од страна на актерот и хаотичната, нискобуџетна продукција која ги игнорирала безбедносните упатства во индустријата.
Во понеделникот, членот на снимателската екипа на „Rust“, Рос Адиего, им кажал на поротниците дека Гутиерез и првиот помошник на режисерот Дејв Холс не извршиле безбедносни проверки на огненото оружје. Холс склучи договор за признавање вина минатата година и беше осуден за несовесна употреба на смртоносно оружје.
„Се движевме со налудничави брзини“, рекол Адиего, додавајќи дека Гутиерез „не беше толку професионална“ како другите реквизитери со кои работел.
Болдвин ја негираше одговорноста за смртта на Хачинс.