Семето од сусам содржи најголема концентрација на фитостерол, состојка која по хемиската структура наликува на холестерол.
Фитостеролите имаат моќ, доколку се доволно присутни во исхраната, да го намалат нивото на холестерол во крвта, да го подобрат имунитетот и да го намалат ризикот од настанување на поединечни облици на карцином. Инаку, семките се еден од најкорисните додатоци во исхраната додека маслото од сусам се смета за исклучително квалитетно и често се користи како замена за маслиновото масло.
Маслото од сусам претставува добра превенција против создавање на тромб, односно крвни згрутчувања, но и против нередовната столица. Се препорачува и за отстранување на цревни паразити, чистење на цревата како и за лекување на хемороиди, пропратени со болки и крварење. Во народната медицина се користи и за санирање на повреди, акни, чиреви, брадавици, изгореници…
Сусамот е исклучително богат со железо, па доволно е да внесете само 50 грама од ова семе за да ја задоволите дневната потреба. Освен железо, во големи количини е присутен и калциум, манган, бакар, магнезиум и селен. Од витамините особено место зазема витаминот Е, моќен антиоксиданс кој ги штити клетките од стареење, појава на тумор и срцеви болести. Истовремено е одличен извор и на Б1, Б6, ниацин, фолна киселина и рибофлавин.
Истражувањата покажуваат дека сусамот е делотворен и против воспаленија и болки кај ревматоидниот артритис, како и кај нападите на астма. Иако е тежок за чувствителните стомаци, сусамот треба повремено да се консумира бидејќи е одличен чистач на цревата и органите за варење. Секако, претходно треба термички да се обработи, односно да се испече или пропржи на тивок оган.
Сусам за потенција
Во земјите во кои се одгледува, сусамот има репутација на моќен афродизијак – на база на овој зачин се припремаат напитоци за импотенција. За напитокот се потребни семе од сусам и семе од мак во иста количина, во кои ќе додадете помала количина на семиња од коприва, кромид и морков, како и лажичка шеќер. Сите состојки се мелат во прав, а потоа се пие една лажичка растворена во чаша црвено вино.
Сусам за надомест на калциум
За лицата кои немаат доволно калциум во организмот, доволно е да потопат една лажичка сусам во 0,5 децилитри јогурт и да го остават да отстои преку ноќ. Наутро се консумира на празен стомак.
Сусам за лекување на хемороиди
Сомелете една лажичка семе од сусам и додајте две лажички вода. Мешајте додека не настане паста, а потоа додадете лажичка путер. Сè добро промешајте, а потоа намачкајте ја смесата на парче тост и изедете го.
Сусам против изгореници
Потопете две лажички семе од сусам во чаша вода, а потоа ставете ги на оган да вријат неколку минути. Процедете ја содржината и оставете да се излади. Земете парче вата и натопете ја во смесата и со неа премачкајте ги воспалените места и изгореници повеќе пати дневно.