Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ја презема комплетната организација на завршниот турнир на кошаркарскиот Куп на Македонија, во машка конкуренција.Купот ќе се одржи од 28-ми до 31-ви март, а ова ќе биде трета година по ред во која домаќин на турнирот за престижниот Куп-трофеј е нашата најголема спортска арена.Извлекувањето на четврт финалните и полуфиналните двојки ќе биде извршено во четврток, во 13 часот.На Завршниот турнир од Купот на Македонија ќе учествуваат осум екипи: МЗТ Скопје Аеродром, Фени Индустри, Лирија, Кожув, Работнички, Куманово, Струмица и Вардар.
Според предвидениот распоред, во четврток (28-ми март) ќе се играат две четвртфинални средби, во петок (29-ти март) ќе се доиграат останатите два четвртфинални дуели, за сабота (30-ти март) се предвидени двете полуфиналиња, додека на финалето во недела (31-ви март) ќе му претстои и младинското финале (до 20 години) меѓу младинските екипи на Вардар и Струмица.Ова е инаку ќе биде 21-во издание на сениорскиот кошаркарски Куп на Македонија, а најтрофеен тим во историјата на натпреварувањето е КК Работнички со осум освоени трофеи. Бранител на трофејот од минатата година е МЗТ Скопје Аеродром, кој вкупно има освоено пет трофеи.
МакфаксСпортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ја презема комплетната организација на завршниот турнир на