Ова е една од најголемите мудрости, која може значително да ни го олесни животот. Со прифаќање на фактот дека сѐ стигнува баш тогаш кога треба, луѓето стануваат поопуштени. А кога умот им е помирен, луѓето појасно можат да ги видат работите и појасно гледаат што треба да направат.
Кога човек неподготвено прифаќа предизвик, на сила и предвреме, тогаш ќе заврши повреден. Но, кога работите не се форсираат, туку се фаќа ритам со животот и кога танцуваме по музиката на животот, ритамот ќе стане најприродна работа.
За да се остварат соништат, понекогаш е потребно да чекаме. Но, во поголемиот дел од случаевите потребно е да работиме на нашата внатрешна состојба, да нурнеме длабоко во својата потсвест и да откриеме која е кочницата која не ни дозволува да напредуваме во животот.
Со решавање на внатрешните блокади се приближуваме кон остварување на желбите. Понекогаш е потребно добро да размислиме и да сфатиме дека постојано ја правиме истата работа, а за чудо некако секогаш очекуваме поинаков резултат.
Секоја нова случка, секое ново искуство, одлука и промена, со себе носи нови лекции за кои треба да бидеме свесни уште од самиот почеток, затоа што во спротивно има реална опасност да ја промашиме суштината. Има луѓе кои не можат самите да ги воочат своите шаблони на однесување, туку ги забележуваат во текот на разговорите со другите луѓе, додека пак има луѓе кои самите ги истражуваат своите внатрешни состојби и блокади. На овие луѓе им е потребно време во тишина и ќе дојдат до сите одговори. И има една многу мала група на луѓе кои се на многу повисоко духовно ниво и самите успеваат во исклучително краток период да ги воочат шаблоните и да се ослободат од блокадите.
За миг застанете и помислете на тоа дека додека безглаво трчате по животот кој верувате дека сакате да го доживеете, а во тој процес паѓате, станувате, но како хипнотизирани продолжувате да трчате, вашиот живот останува без здив додека трча по вас, обидувајќи се да ве стигне. Вашиот живот секогаш оди паралелно со вас, не е ниту во минатото, ниту во иднината, само вие можете да го поместите тоа додека трчате по нешто што не е добро за вас.
Затоа треба да фатите ритам со себе, своето тело, ум, срце и душа. Така можете свесно да го живеете животот, без да се каете за ништо, затоа што го правите најдоброто што го можете.
А кога ќе стигнат работите што ги сакате? Не се грижете. Ќе знаете, бидете сигурни во тоа, затоа што во вас се наоѓа непрогрешен часовник кој ќе ви каже дека исполнувањето на вашите желби ќе се случи наскоро.