Таа заработуваше огромни пари од рекламирањето на нивните производи и сè укажуваше на добар почеток на нејзината манекенска кариера.Пред десет години, во 2014 година, во Бразил започна Светското фудбалско првенство, кое го следеа навивачи ширум светот.Во тоа време големо внимание привлече белгискиот навивач Аксел Деспигелаер, чии фотографии станаа вирални на интернет по мечот меѓу Белгија и Русија. Аксел тогаш имаше само 17 години, а во очите на јавноста, но и странските медиуми, таа беше најубавата навивачка на трибините.Може да се каже дека таа беше првата жестока навивачка пред Хрватката Ивана Кнол.Нејзината природна убавина го воодушеви светот, а набргу потоа доби понуда за соработка со познатиот бренд за убавина „Loreal“.Таа заработуваше огромни пари од рекламирањето на нивните производи и сè укажуваше на добар почеток на нејзината манекенска кариера.Сепак…Таблоидот „The Sydney Morning Herald“ детално го истражил нејзиниот Фејсбук профил, а потоа пронашол фотографии на кои Аксел позира покрај убиено животно со пушка во рака.Со оглед на тоа што „Лореал“ се залага за правата на животните, многумина се интересираа дали компанијата ќе стави крај на нивната соработка. View this post on Instagram A post shared by Axelle Despiegelaere Steyaert (@despiegelaereaxelle)И така беше. Од претставништвото на компанијата за убавина не сакаа јавно да ги коментираат нејзините причини, но исходот од ситуацијата на многумина им беше јасен.После тоа Аксел се повлече од јавниот живот, а не се знае што правела следните години. Во меѓувреме се омажи и стана популарна на социјалните мрежи каде ја следат голем број корисници.Погледнете како тоа изгледа во продолжение: View this post on Instagram A post shared by Axelle Despiegelaere Steyaert (@despiegelaereaxelle)
Пронајдете не на следниве мрежи: