Таа е прогласена за најубава жена во Америка за 2018 година – А според вас?

Loading...

Мис Небраска, 23-годишната Сара Роуз Самерс е прогласена за најубава девојка во Америка. Помеѓу 50-те кандидатки, Сара Роуз Самерс однела убедлива победа, а освен заносната убавина и совршената фигура, таа го освоила петчленото жири со својата харизма.


Изборот за мис кој се одржал во Луизијана се пренесувал во живо, каде светот имал прилика да види преубави мисици и бројни изненадувања, како и нивните прашања и одговори.
Сара одлично се снашла во секоја задача, а открила и многу детали за себе како податокот дека сака да биде педијатриска сестра. Во текот на шоуто, таа објаснила што е она што ја фасцинира во оваа работа:


“Кога имав пет години бев во детска болница во Омахо. Не се сеќавам многу за тоа но паметам дека моите родители беа премногу загрижени, а никогаш претходно не сум го видела мојот татко да е толку загрижен. Мојата медицинска сестра беше фантастична и таа е личноста на која сакам да се угледам”, објаснила 23-годишната мисица.


Убавата русокоса истакнува дека сега е сертифицирана за оваа работа и може да им помогне на бројни деца и семејства, како и на лекарскиот тим.


“Огромна е моќта да им помагате на пациентите, да ги разбирате нивните дијагнози и различните процедури и да ги поддржувате низ тоа”, истакнува оваа хумана дама.
Освен љубовта кон медицината и несебичната хуманост, Сара ја исполнуваат уште некои работи, а една од нив е фитнесот.

loading...