Годините се само бројка, особено денес кога постојат толку многу можности и начини за нега на кожа.
За тоа сведочат бројни познати жени, а помеѓу нив е и познатата готвачка Марта Стјуарт, која ги открива своите тајни за нега на лицето.
Марта има 81 година, а неодамна се пофалила со фотографии од својата блескава и мазна кожа.
„Ова се другите 3 селфија кои ги направив. Мојот израз на лицето е најдобар на првата, но кожата изгледа блескаво на сите 3 фотографии. Без филтери. Без лифтинг на лицето“, напишала Стјуарт под фотографиите на Инстаграм.
Таа инсистира на тоа дека стареењето не значи дека мораме да водиме попасивен начин на живот, напротив – треба да бидеме активни и да ја одржуваме фигурата.
„Одам на пилатес неколку пати неделно, не сакам да започнам да живеам лошо само затоа што стареам“, порачува Марта.
Освен што со децении се храни здраво и е физички активна, Стјуарт следи и 6 едноставни, но делотворни правила со цел да го зачува младешкиот изглед:
- Никогаш не оди на спиење без да ја исчисти целата шминка од лицето.
- Лицето го чисти со бебешко масло, особено по снимањата кога носи тешка шминка.
- Секој ден консумира зелен сок кој сама го подготвува и смета дека во него се крие тајната за здрава кожа и коса.
- Се штити од сонце и инсистира на носење крема со заштитен фактор секој ден.
- Третманите за лице ги сведува на минимум. Никогаш не направила хемиски пилинг ниту естетска корекција.
- Секое утро нанесува маска за лице. Се буди околу 5 часот наутро и ја држи маската околу 1 час на кожата.