1 кг пилешки копани
600 г кругови праз
400 г парчиња моркови
200 г коцки чадена сланина
200 г коцки пиперки
200 г прокељ
3 чешниња лук
200 мл бело вино
1 лажица сув зачин
1 кафена лажица кари
масло, сол и мелен црн пипер
Во намрсена тава ставете ги празот, сланината и исечениот лук. Додадете ги пиперките, морковите и прокељот. Посолете, и наросете сув зачин и црн пипер.
Копаните посолете ги, и наросете ги со црн пипер и кари. Наредете ги во тавата и попрскајте ги со масло. Прелијте со виното и со 300 мл топла вода. Покријте ја тавата со фолија и печете 40 минути на 220 степени. Извадете ја фолијата и печете додека копаните поруменат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.