МВР информира дека возач на такси возило во раните утрински часови во Ѓорче Петров нападнал патник што го превезувал.
Според полицискиот билтен, таксистот му одзел пари на 25-годишниот П.Ѓ. кој го пријавил случајот во 3.00 часот изутрина.
Настанот се случил на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.