Таравари: „Албанскиот јазик не е еднаков со македонскиот, наша цел треба да биде повлекувањето на 20%“

Никој не се охрабрува да го повлече Законот за употреба на јазиците бидејќи „ВРЕДИ“ е гаранција дека Албанскиот јазик ќе се употребува како што се употребувало досега во институциите и регионите каде албанците се малцинство, рече лидерот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари. Призна дека неколку директори и министри не го почитуваат законот, но додаде дека тоа ќе се смени почнувајќи од веб страницата на претседателот на државата, каде беше доделен и домеин на албански јазик. Таравари рече дека албанскиот јазик нема еднаков статус со македонскиот јазик затоа целат укинување на дефиницијата 20% од Уставот.

„Наша цел треба да биде повлекување на 20% од Уставот, ова е дефинитивното решение за употребата на албанскиот јазик. Се друго е импровизација! Еве, не ги отстрануваме трите членови, повторно е официјален, официјално се користи – не се користи. Тоа е факт дека албанскиот јазик се користел и пред војната во 2001 година и се користи и денес. Од 2017 година повеќе се користи бидејќи имало 4 закони, но едно е сигурно дека албанскиот јазик не е еднаков со употребата на македонскиот јазик. Ќе треба да се обидеме да го вратиме она што беше пред 1991 година, кога употребата на албанскиот и македонскиот беше еднаква.“, рече Таравари.

Кусо зборуваше и првиот вицепремиер Изет Меџити. Рече дека одлуката на Уставниот суд ја оставаат во нивни раце. Еден од лидерите на Коалицијата „ВРЕДИ“ не кажа дали имаат „План Б“ во случај да се оспори уставноста на овој закон. Тој рече дека за овој закон гласале сите албански партии.

„За Законот за јазикот, да не ги прејудицираме работите однапред. Уште еднаш го повикувам Уставниот суд да биде на висината на задачата“, вели Меџити.

Со измените во 2018 година, Законот за употреба на јазиците на етничките заедници кои сочинуваат помалку од 20% од населението наиде на оспорувања од три членови, кои се прифатени, како и забелешките од Венецијанската комисија. Во Уставниот суд се очекува овие три членови да бидат разгледани на седницата на 11 декември.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.