Тајната на ќебапчилниците како ја подготвуваат смесата позната

Потребни состојки:
1,5 кг мелено јунешко месо
0,5 кг мелено јагнешко
4-5 чешниња лук
Сол
2 лажици сода бикарбона


Постапка:
Месото исечете го на коцки, добро посолете, промешајте и прелијте со 100 мл вода и лукот кој претходно сте го свариле. Смесата треба да се промеша и да се остави преку ноќ во фрижидер.
Следниот ден сомелете го и оставете го преку ноќ во фрижидер и оставете го уште неколку часа на собна температура, па повторно вратете во фрижидер.
Пред обликување на ќебапчињата во смесата додадете сода бикарбона, и тоа е се’.
Тајната на овој рецепт најверојатно е во квалитетот на месото, па доколку сте во можност одбирајте што подобро и поквалитетно месо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.