Тајна за совршени шампињони: Грешка што ја правиме при подготовка

Анита, жена која секојдневно споделува трикови и совети за готвење на својот профил на TikTok, во една од објавите откри дека една намирница не треба да се мие под вода пред да се готви – печурките.
Често луѓето ги мијат пред да ги сечат и пржат за да ги отстранат остатоците од земјата, но тоа всушност е погрешно. Тие се како сунѓер, впиваат сѐ, вклучително и вода, а тоа само им го расипува вкусот и создава многу течност во храната што ја подготвувате.
Наместо тоа, советува Анита, треба да се лупат. Извадете им ги дршките, свртете ги наопаку и излупете ги од средината, која сега е шуплива, нанадвор. Остатоците од храната не ги фрлајте – можете да ги ставите во чорба што ќе ви се најде за друг рецепт.

@ritafidan7#ritahaziri #fidangashi #apopinakafe #☕️ #fyp

♬ original sound – Rita Fidan


Додека некои, веќе запознаени со овој трик, зачудено пишуваа дека не знаеле како некој не лупи печурки, имало многу кои останале шокирани бидејќи воопшто не знаеле дека печурките може да се лупат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.