Голем инцидент се случи денеска во скопската населба Чаир. На фудбалскиот натпревар од 1/4 финалето на Купот на Македонија, помеѓу Шкупи и Шкендија дојде до немили сцени. При постигнување на погодок на гостинската екипа, стрелецот на голот крајно непрофесионално упати низа на провокации кон домашната публика, при што дојде до вистински хаос.
Навивачите на домаќинот влетаа на теренот и ги нападнаа гостинските фудбалери со боксови. Освен физичката пресметка, леташе пиротехника на сите страни. Поради овој голем инцидент и физички што беа нападнати играчите на Шкендија, следува службена победа на гостинот и сигурно висока казна за домашната екипа поради лошата организација на овој натпревар. Навистина срамно за мак-фудбалот.
Инаку, во последно време не е тајна дека овие два клуба не се во добри односи. Политиката си го прави своето, па затоа и има голем број на инциденти на фудбалските натпревари на овие две екипи. Овој попладнево дефинитивно ја прели чашата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.