Тереза Меј ќе се сретне со Меркел и Макрон

Премиерката на Британија, Тереза Меј денес во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Потоа во Париз ќе има средба и со францускиот претседател Емануел Макрон. Овие средби се на само еден ден пред Самитот на Европската Унија на кој треба да биде решено за барањето на Британија за ново одложување на Брегзитот што е предвидено за 12 месецов. Брисел е тој кој треба да донесе одлука дали ќе го прифати одложувањето на британското излегување од Европската Унија .

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.