Тестенини со јајца и сланина

Потребни состојки:
-околу 200 г шпагети или некои други тестенини
-100 г сува сланина
-30 г рендан кашкавал
-2 јајца
-2 чешни лук
-1 лута пиперка (по желба)
-2 лажици масл сол, зачини по желба

Начин на подготовка:
Згответе ги тестенините во солена вода. Во мал сад изматете ги јајцата, посолете и зачинете, па додадете го ренданиот кашкавал.
Во длабок сад на врело масло испржете ја ситно исечената сланина, кога ќе стане крцкава додадете го лукот, а по неколку минути и ситно исечено луто пиперче.
Кога ќе се сварат тестенините исцедете ги и додадете ги во садот со сланина и лук, додадете малку сочувана вода во која се вареа тестенините и убаво измешајте.
Во средина на тестенините направете малку место па таму сипете ги разматените јајца со кашкавал, па сето тоа добро измешајте го.
Јадењето послужете го додека е топло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.