ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ТУНЕЛОТ КАЈ КАТЛАНОВО: Се судрија камион и мотоцикл, едно лице загина

Во МВР попладнево, во 16:55 часот, било пријавено дека во тунелот кај Катланово во правец од Велес кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички.

Како што велат од МВР, според првичните информации, едно лице, кое се превезувало на мотоциклот, починало, а другото, кое исто така се превезувало на мотоциклот, е пренесено во Ургентниот центар Скопје.
Автопатот Велес – Скопје, кај тунелот, е целосно затворен за сообраќај. Возилата се пренасочуваат од клучката Велес кон Свети Николе, кон автопатот Штип – Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.