Тигар како најдобар пријател: Запознајте го Могли од Индонезија

Сосема е вообичаено луѓето во одредени видови на животни да пронаоѓаат блиски пријатели, но во таа група секако не спаѓаат тигрите. Меѓутоа тоа го демантираше 31-годишниот Абдулах Шолс од Индонезија, која животот го дели со четиригодишниот бенгалски тигар. Двајцата другари речиси и не се разделуваат . Секојдневно си играат, трчаат, јадат па дури и спијат заедно, пишува Дејли мејл.

Овој необичен човек, кој премногу потсетува на јунаакот од  „Книга за џунглата“, Могли го пронашол тогаш тригодишниот страшен пријател во областа Маланг. Сите на почетокот биле песимисти и не верувале дека нивното пријателство ќе опстане.

Дека тие се емотивно поврзани докажува и фактот што Абулах се преселил во дворот за да може со својот другар да ги поминува и ноќите.

Нивните игри често делуваат застрашувачки, но гордиот Абдулах тврди дека тигарот никогаш не би го повредил бидејќи го смета за најблизок член во семејството. Сепак во една прилика, тигарот несвесен за својата сила, случајно го закачил со неговите канџи по лицето, го изграбал и му го повредил окото.
                                   Сосема е вообичаено луѓето во одредени видови на животни да пронаоѓаат блиски пријатели, но во таа група секако не спа

Пронајдете не на следниве мрежи: