Потребни состојки:
3 средни тиквички
100 г фета сирење
1 глава зелена салата
1 грст ореви
маслиново масло
оригано
лимон
Начин на подготовка:
Добро измијте ги тиквичките и отсечете им ги врвовите.
Измијте ја зелената салата, додадете сол и оставете да се исцеди добро.
Блендирајте ги оревите.
Исечете ги тиквичките на дебели кругови и премачкајте ги со маслиново масло.
Загрејте ја тавата или скарата и печете ги тиквичките 5 до 6 минути додека не омекнат. Превртете ги кога ќе добијат златна боја.
Извадете ги и посипете ги со фета сирење.
Наредете ја салатата на голем послужавник и посипете со сок од лимон и маслиново масло.
Доколку сакате, можете да додадете повеќе суров зеленчук по вкус.