Состојки:
120 гр шеќер во прав
300 гр павлака за шлаг
екстракт од ванила (по желба)
250 гр маскарпоне сирење
1 мала шолја јако црно кафе
Начин на подготовка:
Во сад ставете шеќер во прав, додајте павлака за шлаг и сè заедно добро разматете.
Во друг сад ставете маскарпоне и екстракт од ванила и добро измешајте.
Мешавината од маскарпоне и ванила ставете ја во шлагот и добро измиксајте.
Пишкотите преполовете ги, потопете ги во кафе и ставете ги во чаша.
Ставее ја смесата во чашата и на врвот изрендајте темно чоколадо.