Потребни состојки:
100 г шеќер во прав
3 дл слатка павлака
200 г пире од костени
400 г маскарпоне
2 лажици кафе
Пишкоти
Какао
Начин на подготовка:
Ставете ги костените во блендер, додајте 1 дл слатка павлака и блендирајте кратко време за да добиете хомогена смеса. Може да користите и миксер ако немате блендер.
Од преостанатата павлака направете шлаг. Во маскарпонето додајте шеќер во прав и мешајте додека состојките се соединат. Додајте ги костените и измешајте. На крајот додајте шлаг и измешајте со маталка.
Подгответе ги чашите во кои ќе го сервирате тирамисуто. Земете 2 пишкоти, натопете ги во мешавината од кафе и изгмечете ги на дното на чашата. Додајте голема лажица од подготвениот крем, потоа ставете ред пишкоти, па лажица од кремот и на крај наросете со какао. Наполнете ги чашите додека да го потрошите кремот.