120 г шеќер во прав
300 мл слатка павлака
1 лажица екстракт од ванила
250 г Маскарпоне сирење
250 г малини
1 пакување пишкоти
50 г рендано чоколадо
Во сад ставете ги шеќерот во прав и ладната слатка павлака, и добро изматете. Додадете го Маскарпоне сирењето измешано со ванилата и промешајте.
Пишкотите преполовете ги, потопувајте ги во инстант кафе или ликер од портокал и ставете ги на дното од чашата. Потоа со веќе приготвената тирамису смеса дополнете ја чашата. Изрендајте чоколадо, дополнете ја чашата со малини и изладете.