Тодоров: Мицковски треба да си оди, на ВМРО му треба демократија

Loading...

Тодоров: Мицковски треба да си оди, на ВМРО му треба демократија

Да седнеме на полиграф со Мицковски за да видиме кој лаже!!

Никола Тодоров во „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека бил обвинет од луѓе блиски на Мицковски дека давал доверливи информации од ВМРО-ДПМНЕ во СДСМ. Тодоров смета дека тие лаги биле искажани поради обидот да се намали неговото влијание во партијата.

„Знам дека тие лаги доаѓаа од врвот на партијата за да го намалат моето влијание во партијата. Еве јас сум подготвен да седнам на полигаф со Мицкоски. Мицкоски нека ми ги постави сите варијации за тоа прашања. Ако излезе дека сум ги дал, што сака нека ми прави. Ама ако излезе дека не е така, ќе барам јавно да ми се извини“

Тодоров во своето гостување во Клик Плус рече дека нема контакти со Груевски повеќе од 3 години.

„Јавно кажувам дека Мицкоски треба да си оди. Но, не е поентата Мицкоски да си оди и да дојде друг и истото да продолжи“ изјави тој во емисијава. И додаде „Христијан Мицкоски изгуби на изборите, па сите му аплаудираа. Видете, припадноста кон партиите кај нас стана силна работа. Јас и во моите колумни пишувам дека врската кон партијата стана посилна од врската кон државата“.

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...