Томислав Тунтев поднесе оставка од директорската позиција во Агенцијата за цивилно воздухопловство



Томислав Тунтев е поранешен пратеник од СДСМ. Тој беше претседател на Агенцијата за цивилно воздухопловство последните пет и пол години и во мометот ја извршуваше функцијата во втор мандат

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Томислав Тунтев поднел оставка од функцијата. Управниот одбор на АЦВ веќе ја констатирал оставката и донел одлука за разрешување од функцијата. Оставката ја поднел на 27 мај, а Управниот одбор на АЦВ ја констатирал на седница на 30 мај.

Тунтев беше директор на АЦВ од 2019 година, а сега се враќа на работа во ТАВ Македонија, каде досега му мируваше работниот однос.

Томислав Тунтев / фото: „360 степени“

„Согласно Законот за воздухопловство, во наредните два месеца до распишување конкурс за избор на нов директор, за вршител на должност директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство од редот на вработените е именуван Драги Стојановски, долгогодишен раководител на Секторот за воздушен сообраќај во Агенцијата“,

изјавија за МИА од АЦВ.

Тунтев навел дека оставката ја поднесува од лични причини.

Тунтев е поранешен пратеник од СДСМ. Тој беше претседател на Агенцијата за цивилно воздухопловство последните пет и пол години и во мометот ја извршуваше функцијата во втор мандат.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: