Том Хенкс: Косово е Србија

Славниот холивудски актер, двоен оскаровец и православен христијанин, Том Хенкс, неочекувано застана на страна на Србија во емисијата на станицата „Е”, кога изјави дека Косово секогаш било српско и дека тоа еден ден повторно ќе биде, пренесе порталот „The Orthodox Church”.

Тој ја спореди голготата и Евреите со страдањата на косовските Срби, говорејќи за снимањето на новиот спектакл „Историја на државата Израел” (History of the State of Israel), во продукција на Стивен Спилберг, во кој Хенкс ќе ја игра главната улога.
 „За време на Втората светска војна холокаустот, Евреите многу прострадале, да не спомнувам што им се случувало стотици години порано. Покрај се, тие никогаш не ја изгубиле верата и се вратиле на својата земја. Имаат зад себе цел милениум во кој се поздравувале со: „Се гледаме следната година во Ерусалим”. Сличен е случајот со Косово, денес. Него го населувале Срби, кои изградиле манастири, имале свои кралеви, по што ги протерале Албанците. На крајот на 20-тиот век, НАТО ги бомбардираше Србите, но тие и понатаму не сакаат да признаат дека Косово е независна држава, туку велат: „Косово е Србија”, како и Евреите, коа на крај, сепак, се вратија во својата земја, па можеби ист е и случајот со Србите”, вели Хенкс.
 Том Хенкс, во Холивуд е познат по својот интерес за историјата, па заедно со Спилберг работеше на историско-документарниот филм за Втората светска војна
 Се смета за еден од најдобро образованите актери на Холивуд, наведува порталот The Orthodox Church.
 Во православната вера премина по женидбата со актерката Рита Вилсон, која е припадничка на грчката православна црква.
Makфакс
Славниот холивудски актер, двоен оскаровец и православен христијанин, Том Хенкс, неочекувано застана на страна на Срби

Пронајдете не на следниве мрежи: