Тони Михајловски: И двојазичноста, Тиранската платформа и промената на името едно време беа лажни вести

Познатиот актер и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски реагира на соопштението на МТСП дека лажна вест е информацијата дека се брише семејството и термините мајка и татко и се заменуваат со родител 1 и 2.
“Само да се потсетиме дека двојазичноста на цела територија, на униформите, на парите, тиранската платформа, промената на името исто така беа фејк вести едно време“.
Министерството за труд и социјална политика најостро ги демантира дезинформациите и лажни вести во однос на новиот предлог Закон за спречување и заштита од дискриминација, според кои, со овој закон се брише семејството и термините мајка и татко. Ова воопшто не е предмет кој се уредува со овој закон, се вели во соопштението.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.