Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, објави дека додека се бореле со големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, пожарникарите од Противпожарната бригада на Градот Скопјe спасиле мало теле кое било опкружено со пламен.
Али нагласи дека пожарите, покрај природата, имотот и луѓето, ги загрозуваат и животните, апелирајќи на одговорност и максимална грижа за спречување на пожари.
„Без разлика дали пожарите се намерни или предизвикани од небрежност, нивните последици влијаат врз сите живи суштества. Да ја заштитиме природата, луѓето, имотот и животните“, апелираше директорот на ЦУК.
Како што објави ЦУК во последните 24 часа имало 33 пожари во Македонија, од кои четири се сè уште активни.
The post Скопските пожарникари спасија теле од пожарот на планината Китка appeared first on Во Центар.



