Торта за која секогаш се бара рецепт: Старомодна торта на нашите баби која брзо се подготвува и уште побрзо се јаде

Рецептот на Сања Радосавлевиќ за една старинска торта ќе ви ги врати спомените. Порано бабите често го подготвуваа овој рецепт во секоја пригода, а се прави многу брзо. Сите ќе ви побараат рецепт за оваа боемска (иако „старомидна“) торта која изледа многу богато.




Оваа торта е многу слоевита, а толку е вкусна што се јаде за 1 ден во потесното семејство. Лесно се прави и може да се комбинираат состојките. Често ја нарекуваат и дипломатска торта бидејќи е толку богата, а вкусот како да се прелева во разновидни ароми. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТ: 200 г путер, 100 г кристален шеќер, 5 јајца (одвојте ги белките од жолчките), 15 лажици брашно (300 г), 100 мл млеко, 2 лажици какао во прав. ЗА ФИЛОТ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 200 г путер, 140 г кристален шеќер, 200 г чоколадо за готвење, 150 мл млеко, 100 г мелени ореви, 50 г мелени бадеми и уште 150 г ореви за наросување.




ПОСТАПКА ЗА БИСКВИТОТ: Растопете го путерот на пареа и ставете го во еден подлабок сад. Додајте го шеќерот и изматете ја смесата со миксер, додека шеќерот да се растопи. Одвојте ги белките од жолчките и постепено започнете да додавате една по една жолчка, додека непрекинато матите со миксерот.




Белките изматете ги во цврст снег. Во смесата од жолчки постепено додавајте го брашното, наизменично со млекото и соединувајте ја смесата во еднолична смеса. На крајот додајте го снегот од белки, на неколку наврати мешајќи полека со шпатула. Поделете ја смесата на два еднакви делови и во едниот дел додајте 2 лажици какао во прав и соединете.




Испечете два бисквита во ист плех, прво белиот, па црниот. Врз плехот ставете хартија за печење и израмнете ја белата смеса. Плехот треба да биде со средна големина. Испечете го во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути. Потоа испечете ја и кафеавата кора и оставете бисквитите целосно да се оладат.




ЗА ФИЛОТ: Во едно тенџере ставете го путерот, шеќерот, додајте го чоколадото искршено на коцки, прелијте со млекото. Ставете го тенџерето на рингла и варете ги состојките додека сѐ да се соедини и растопи. Кога смесата малку ќе згусне, тргнете од рингла и додајте ги мелените ореви и бадеми и измешајте. Оставете смесата да се олади, па поделете ја на два еднакви делови.




РЕДЕЊЕ: Бел бисквит, половина од чоколадниот крем, кафеав бисквит и останатата половина од кремот. Со втората половина од кремот се премачкува само одозгора, не целата торта. Колачот ставете да се лади во фрижидер некое време, па пред послужување наросете го со мелени ореви и послужете го на коцки или квадари/штангли. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи: