ЗА ПАНДИШПАН
8 јајца
8 лажици шеќер
4 лажици брашно
1 прашок за печиво
100 г мелени ореви
2 лажици какао
70 мл капучино измешано со топла вода
ЗА ФИЛ
1 л млеко
250 г шеќер
4 пудинга од ванила
200 г бело чоколадо
4 лажици капучино во прав
250 г маргарин
Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги брашното, прашокот за печиво, какаото и оревите, и измешајте со лажица. Од смесата испечете пандишпан и исечете го на 3 ленти.
Чоколадото растопете го со 100 мл млеко. Додадете го капучиното, промешајте и изладете.
Од прашокот за пудинг, млекото и шеќерот сварете пудинг и изладете го. Изматете го маргаринот со миксер. Додадете ги изладениот пудинг и чоколадото со капучино, и изматете го филот.
Две ленти пандишпан попрскајте со изладено капучино и премачкајте ги со фил. Ставете ја третата лента пандишпан, попрскајте со капучино и филувајте ја тортата.