Торта со мармалад од сливи

ЗА КОРА
10 јајца
10 лажици шеќер
10 лажици мармалад од сливи
ЗА ФИЛ
600 мл млеко
16 лажици шеќер
2 пудинга од ванила
250 г маргарин
150 г шеќер во прав
300 г толчени ореви

Белките од јајцата изматете ги со шеќерот, додадете го мармаладот и промешајте. Во тава од рерна од смесата испечете кора и исечете ја на 3 ленти.
Пудингот сварете го во млекото со шеќер. Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Додадете ги изладениот пудинг и жолчките од јајцата, и изматете го филот.
Премачкајте две ленти од кората и наросете ореви. Ставете ја третата лента, филувајте и украсете ја торатата со сечкани ореви.

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.