Тошковски во посета на ОВР Гостивар, посочен сериозен недостаток на униформирани полициски службеници






Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски денеска ги посети Одделението за внатрешни работи Гостивар при Секторот за внатрешни работи Тетово и Полициското одделение Јегуновце, информираше МВР.

Во рамки на двете посети министерот Тошковски, како што соопшти МВР, одржал работни состаноци со раководствата на кои се разговарало за тековните активности и проблеми во работењето.
„На состанокот со раководството на ОВР Гостивар меѓудругото министерот Тошковски беше запознаен и со фактичката состојба поврзана со пополнетоста на организациската единица од аспект на човечки ресурси и му беше посочено дека се соочуваат со сериозен недостаток на униформирани полициски службеници и во иднина потребно е да се направат определени промени во овој дел. Во оваа прилика Тошковски ги посети и управните служби кои се наоѓаат во истиот објект, каде од страна на раководителот му беше посочено дека во моментот нема гужви за фотографирање и овие постапки се одвиваат без проблеми.“, се посочува во соопштението од МВР.

Од страна на раководството на ПО Јегуновце на министерот му биле посочени неколку проблеми поврзани со материјално-технички средства за работа, за кои истакнал дека ќе даде соодветни насоки до надлежните служби за да се надминат.
Од МВР соопштуваат дека се разговарало за потребата од отворање пункт за фотографирање во Јегуновце кои ќе овозможи на овие граѓани полесно и побрзо да дојдат до своите лични документи, за што ќе се направи соодветна анализа на потребните ресурси и можноста ова да биде имплементирано.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: