Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Украина за да се увери самиот во обемот на војната, но Трамп одби.
- „Само еден ЉУБОВЕН ДОПИР“ — Трамп до ABC за најновите напади врз Иран
- Тито бил првиот турист во вселената: Им платил на Русите 20 милиони за да прошетаат надвор од Земјата, а еве како го направил тоа
- Овие три вечерни навики се штетни за здравјето на срцето
- Хороскопски знаци кои постојано се жалат на нешто
- Иран потврди дека се нападнати од САД: Ќе има жесток одговор
- Филипче: Победа на СДСМ за професионалната и чесна полиција
- „Не сум глупава русокоса, само сум многу добра во преправањето дека сум“ – Парис Хилтон со години криеше која е всушност, а еве зошто го правеше тоа
- Со 64 гласа „За“, Собранието го одобри законот за Советот на обвинители
- Ѓорѓиевски: Камениот мост во Скопје добива нов сјај
– Имам голема почит кон претседателот Зеленски, но мислам дека би било несоодветно да одам во Украина во овој момент. Во моментов работи со администрацијата на Бајден и не би сакал да создавам конфликт на интереси – напиша Трамп во изјава за „Њузмакс“.
Повикот на Зеленски беше реакција на тврдењата на Трамп дека може да го реши руско-украинскиот конфликт за „24 часа“ .
Зеленски рече дека ќе му требаат само „24 минути“ за да му докаже на Трамп дека не е можно да се стави крај на војната.
Тој нагласи дека претседателот Бајден е во Украина и дека „разбрал некои детали кои можете да ги разберете само кога сте таму“.
– Затоа му се јавувам на претседателот Трамп. Ако може да стигне тука, ќе ми требаат 24 минути – да, 24 минути, не повеќе. Дваесет и четири минути да му објасниме на претседателот Трамп дека не може да управува со оваа војна – рече Зеленски.
Пронајдете не на следниве мрежи:



