Трајковски, Барди и Милевски добија дипломатски пасоши од МНР

Дипломатски пасоши од Министерството за надворешни работи добија двајца фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Боби Милевски, соопшти на денешниот брифинг со новинарите министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Тие се нашите најважни амбасадори во моментов и го заслужуваат пасошот, како одделен доказ за нивните успеси. Им посакувам успех и во Португалија, истакна Османи.
Македонската фудбалска репрезентација завчера оствари победа над Италија во Палермо, со што обезбеди место во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.