Трикови за тоа како да направите букетот цвеќе да ви трае со денови: Еден особено се издвојува

Можно е да се продолжи рокот на траење на свежото цвеќе
Иако букетите свежо набрани цвеќиња се омилен украс во сите домови, нивниот краток рок на траење е голем недостаток, па по неколку дена почнуваат да се сушат и да се распаѓаат.
Сепак, со помош на мали трикови можно е да им се продолжи животот, а луксузните букети со денови ќе ви го разубавуваат просторот.
Растенијата со дрвенести стебла бараат повеќе вода, затоа наполнете две третини од волуменот на вазната. Ако стеблата се меки, доволно е да наполните половина од вазната. Во секој случај, треба да се избегнува вазната да биде полна со вода.
Кога купувате букет, скратете ги стеблата на растението за неколку сантиметри со остри градинарски ножици, внимавајќи сечењето да биде косо.
Ако стеблото се исече право, тоа ќе го допира дното со својата површина, што во голема мера ќе ја намали количината на вода што ја апсорбираат цвеќињата. Повторувајте ја оваа постапка неколку дена.
Сепак, еден трик се издвојува и ќе ја продолжи издржливоста и свежината на букетот. Ако се стави метална паричка во вазна со цвеќиња, таа ќе почне да испушта киселина која ќе го забави цветањето, па цветовите ќе траат подолго. За подобар резултат, во истата вода можете да додадете коцка шеќер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.