Летото почна, а скоро сите не можат да го замислат денот без клима уред. Иако секојдневно ви го разладуваат денот, многумина се прашуваат колку се опасни микроорганизмите кои ги испуштаат и како најласно да се решите од нив.
Сепак, како што објаснуваат ескпертите, не треба да се грижите, клима уредите имаат вградени филтери кои не пропуштаат никакви бактерии или паразити. Важно е само редовно да се чистат и менуваат. Така најсигурно ќе спречите појава на болести, кои се појавуваат поради микроорганизмите.
Наводно, филтрите треба да се чистат два пати годишно, во спротивно бактериите можат да предизвикаат не само респираторни, туку и неуролошки болести, а најчесто менингитист.