Дали оставате неред и пцуете многу? Веројатно цел живот сте осудувани поради овие лоши навики, но студиите всушност покажале дека ги поседуваат само интелигентни луѓе.
Додека нередот, доцното будење и пцуењето се карактеристики кои често се припишуваат на мрзеливост и грубост, според психолозите, овие навики се показатели за остар ум и висока интелигенција, пишува „Curious Mind Magazine“.
Неред
Постои идеја дека да се биде неуреден значи да се биде исто толку неорганизиран и помалку продуктивен. Но, психолог од Институтот во Минесота открил дека луѓето кои имаат неуредни соби се поинтелигентни и имаат поголем коефициент на интелигенција.
И навистина, кога вашиот ум се занимава со толку големи работи, грижата за уредноста е најмала. Дури и неуредната соба значи дека сте многу креативна личност.
Будење доцна
Кога останувате будни до доцна и морате да станете рано за работа, тоа значи дека веројатно сте секогаш уморни и затоа ве доживуваат како мрзливи без разлика колку работите во смената.
Се работи за тоа дека вашиот деноноќен ритам дејствува поинаку отколку кај другите. А она што е интересно е дека истражувачите пронашле врска помеѓу деноноќниот ритам на луѓето и нивните нивоа на интелигенција. Студијата објавена во списанието „Psychology Today“ покажа дека луѓето кои остануваат будни до доцна и се будат доцна наутро имаат поголем коефициент на интелигенција.
Пцуење
Пцуењето отсекогаш било на лош глас. Луѓето кои пцујат често се доживуваат како вулгарни и груби. Меѓутоа, студијата спроведена на колеџот Марист во Њујорк го покажа спротивното – луѓето кои често пцујат се поинтелигентни, имаат поголем речник и подобри реторички вештини.
Покрај тоа, тие се поискрени бидејќи пцуењето е поврзано со искрени емоции. Тоа значи дека луѓето кои пцујат имаат поголема веројатност да го покажат своето вистинско лице и да ги изразат своите вистински чувства.