Бројни истражувања покажаа дека консумирањето на одредена храна и пијалаци му помагаат на телото да се ослободи од штетните материи во организмот.Овие три зачини ги „чистат“ вашите бели дробови.
Куркума
Куркумата го чува здравјето на белите дробови и дишните патишта од штетните материи.
Одлична комбинација како зачин е со црниот бибер.
Лук
Лукот има многу лековити својства. Го нарекуваат природен антибиотик, моќна билка со антиканцерогено и антивоспалително дејство, успешна во справување со габични инфекции и во борбата со некои вируси.
Содржи алицин кој ги уништува инфекциите на дишните патишта, а различни студии покажале дека е ефективен во чистењето на белите дробови кај пушачите, но и поранешните пушачи.
Лукот им дава посебен вкус на јадењата, а најлековит е кога се јаде толчен и сиров. Сепак, не се препорачува на луѓе кои имаат проблеми со желудникот и органите за варење.
Ѓумбир
Ѓумбирот го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето, ја намалува подуеноста, ги отстранува токсините од белите дробови и затоа се препорачува на пушачите.
Ѓумбирот потекнува од југоисточна Азија и во последните неколку години е сè повеќе присутен и на нашиот пазар. Може да подготвите чај, да го додадете во смути и да го користите како зачин во слатките и солени јадења.