Три магични лекови од природата – помагаат во борба со анемијата и лошата крвна слика

Недостатокот на железо и лошата крвна слика се сè почест случај кај луѓето, а истите можат да предизвикаат и други проблеми.
Од анемија страдаат речиси 10 отсто од целокупната популација, а додека кај некои е минлив проблем, кај други е хроничен. Постојат 2 најчести причини за ваквата состојба: намалено производство на црвени крвни зрнца и зголемена загуба и уништување на црвените крвни зрнца.
Уморот и слабоста се речиси редовни симптоми на недостаток на железо. Покрај тоа, останатите симптоми можат да бидат: бледа кожа, проблеми со работата на срцето, главоболка, вртоглавица итн.

Оптималното ниво на железо во крвта е клучно за да се спречат ваквите состојби, а консумацијата на одредени намирници можат да ви помогнат во тоа.
Чај од коприва
Копривата е исклучително лековита билка бидејќи освен железо содржи и големи количини на фосфор, манган, калиум, магнезиум, калциум, но и витамини А, Ц, Е и Б. Се тврди дека копривата е најлековита кога се бере напролет. Прелијте една лажичка суви листови коприва со зовриена вода и оставете да отстои неколку минути, а потоа процедете и испијте.

Portrait of young stressed woman sitting at home office desk in front of laptop, touching head with frustrated facial expression, having headache, overworked or depressed


Сок од капини
Чаша сок од капини содржи речиси 700 мг. калиум кој е одличен за целиот кардиоваскуларен систем. Освен калиум, ова овошје изобилува со витамини од групата Б, фолати, витамин Ц, натриум – сите овие состојки заедно помагаат да се покачи нивото на железо во крвта и да се подобри крвната слика.
Сок од цвекло
Цвеклото е речиси најделотворно кога станува збор за решавање на проблемот со анемија. Студија спроведена во Германија дошла до заклучок дека со редовно консумирање на цвекло можете да го решите проблемот со недостаток на железо речиси за цел живот! Цвеклото изобилува со железо, а освен тоа е одлично и за крвниот притисок. Ставете 3 цвекла, 3 јаболка, 3 моркови, мед и 2 лимони во блендер и ќе добиете смути кое е одлично за целиот организам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.