Туристичките агенции јавно ќе го соопштат барањето за намалување на штетите од Ковид-19

Loading...

Туристичките агенции денеска пред Министерството за економија јавно ќе го презентираат барањето за намалување на штетите од Ковид-19. Барањето, како што информираат, е веќе доставено до Министерство за економија и до Министерство за финансии, но одговор немаат се уште добиено.
Претставници на туристичките агенции на прес-конференција пред Министерството за економија ќе ја информираат јавноста, но и Владата за проблемите со кои се соочуваат изминативе четири месеци.
Министерот за економија, Крешник Бектеши вчера, на прес-конференција, соопшти дека Владата предвидува посебна мерка за поддршка на туристичките агенции која би стартувала кон крајот на август или почетокот на септември. Бектеши не изнесе детали, но потенцира дека е целта е директна помош на агенциите во нивните напори да донесат што поголем број странски туристи.

loading...