,,Турски тек” беше и укрсинска мета: Генералот Залужни сакаше да изврши пренасочување во Црното Море

Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни предложи, покрај гасоводот „Северен тек“ да се разнесе и „Турски тек“ во Црното Море, но таа операција на крајот не успеа, пишуваат западните медиуми.Западните медиуми детално ја опишаа операцијата за минирање на гасоводот „Северен тек“. Според извештаите, во него учествувале тим од украински нуркачи, агенти и војници – вкупно десет мажи и една жена.Тие беа регрутирани и обучени од група која во текот на годините постојано планирала и спроведувала тајни операции за украинските безбедносни сили. Се посочува дека некои луѓе кои учествувале во саботажата „одамна се поврзани со ЦИА“.Потрагата по технички нуркачи не траеше долго, бидејќи во Украина ги имаше околу 20. На крајот беа избрани пет лица, меѓу кои беше и Владимир – единствениот по кој европските власти распишаа налог. По завршувањето на обуката, во април 2022 година, оперативниот план беше претставен на одобрување на врховниот командант Залужни.Медиумите тврдат дека Залужни кога му бил претставен диверзантскиот план за минирање на гасоводот „Северен тек“, наводно бил толку воодушевен што дури сакал да ја прошири операцијата. Според извори, тој предложил да се крене во воздух гасоводот „Турски тек“ во Црното Море, кој ги поврзува Русија и Турција.На крајот, група саботери почнаа да ги планираат двете операции истовремено. Но, нападот на „Турски тек“ на крајот пропадна, пишуваат медиумите без да наведат детали. После тоа, групата се фокусираше на „Северниот тек“.

Пронајдете не на следниве мрежи: