Турција: Во експлозија на автомобил бомба повредени 8 полицајци и еден цивил

Министерот за внатрешни работи на Туркије, Сулејман Сојлу, објави дека се уапсени двајца осомничени за поврзаност со експлозијата

Автомобил паркиран покрај патот експлодира во југоисточна Туркије во моментот кога покрај него минувал автобус кој превезувал полицајци, при што се повредени осум полицајци и еден цивил.

На местото на настанот во турската област Дијарбакир пристигнаа екипи на Брзата помош, а распореден е и дополнителен полициски персонал.

Министерот за внатрешни работи на Туркије, Сулејман Сојлу, на Твитер објави дека се уапсени двајца осомничени за поврзаност со експлозијата.

„Седуммина од повредените се отпуштени од болница. Другите се под медицински надзор и нивната состојба не е критична“, изјави за новинарите гувернерот на Дијарбакир, Али Ихсан Су.

„Го уапсивме лицето кое го изнајмило автомобилот, кое го донело овде и го активирало [експлозивот], и лицето кое го возело таксито по инцидентот во подрачјето на Лиџе, Дијарбакир“, рече Су.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.