УАПСЕН РУСКИ РАЗУЗНАВАЧКИ КОЈ ПОДГОТВУВАЛ АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ? Украинската разузнавачка служба откри шокантни детали

Украинската служба за безбедност (СБУ) објави дека уапсила „руски разузнавач“ кој наводно имал задача да го подготви атентатот на претседателот Володимир Зеленски!

УАПСЕН РУСКИ РАЗУЗНАВАЧКИ КОЈ ПОДГОТВУВАЛ АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ? Украинската разузнавачка служба откри шокантни детали

– Уапсен е руски разузнавач кој подготвувал руски воздушен напад во регионот на Миколаев за време на посетата на претседателот на Украина – соопшти Украинската служба за безбедност.

Си-Ен-Ен објави дека наводниот доушник „собирал разузнавачки информации“ за планираната посета пред неодамнешното патување на украинскиот претседател во Миколаевската област.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети регионот на крајот на јули.

СБУ во соопштението наведува дека осомничениот наводно се обидел да го одреди времето и списокот на локации на приближната рута на шефот на државата на територијата на регионот.

Агентите на СБУ добија информации за „субверзивните активности на осомничениот“ и воведоа дополнителни безбедносни мерки.

Со следење на комуникациите на жената, СБУ утврдила дека таа имала задача и да ја идентификува локацијата на системот за електронско војување и складиштето за муниција на вооружените сили.

Медиумите јавуваат дека осомничениот е жител на Очаков на југот на Украина и поранешна продавачка во воена продавница на територијата на една од воените единици во регионот. Таа, наводно, патувала низ територијата на областа и ги снимила локациите на украинските објекти.

Жената не е именувана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.