УБИЕНИ РУСКИ ВОЈНИЦИ ВО НАГОРНО-КАРАБАХ! Отворен оган врз возило на мировници, Москва се огласи!

Во Нагорно Карабах било пукано врз автомобил со руски мировници, а во тој инцидент имало и жртви, соопшти руското Министерство за одбрана.

УБИЕНИ РУСКИ ВОЈНИЦИ ВО НАГОРНО-КАРАБАХ! Отворен оган врз возило на мировници, Москва се огласи!

„На 20 септември, додека се враќале од набљудувачката станица на рускиот мировен контингент во реонот на селото Жанјатаг, бил отворен оган од мало оружје кон автомобил со руски воен персонал. Воениот персонал кој бил во автомобилот е убиен во престрелката“, соопшти Министерството.

Руски и азербејџански истражители се на местото на нападот.

Ситуацијата во Карабах се влоши вчера, кога Азербејџан започна „локални антитерористички мерки“ во регионот за да го врати уставниот поредок.

Еден ден подоцна, Баку и Степанакерт објавија прекин на огнот. Азербејџан појасни дека поставиле голем број услови, особено дека илегалните вооружени групи лоцирани во Карабах мора да ги напуштат борбените позиции и целосно да се разоружаат.

Во април 2023 година, азербејџанските граничари воспоставија контролен пункт на границата со Ерменија – на почетокот на патот во коридорот Лачин што води кон Степанакерт.

Ерменија рече дека Азербејџан грубо ја прекршил Трилатералната декларација од 2020 година, истакнувајќи дека блокадата на коридорот Лачин доведе до хуманитарна катастрофа во Нагорно-Карабах.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан во мај изјави дека Ереван го признава суверенитетот на Азербејџан заедно со територијата на Карабах.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.