„УКРАИНА Е ДАВЕНИК“ Остри зборови на полскиот претседател на сметка на Киев – Може да го удави спасителот, да ве повлече надолу со себе

Полскиот претседател Анджеј Дуда ја спореди Украина со давеник кој се држи за се и се заканува дека ќе ги удави сите оние кои се обидуваат да му помогнат, пренесува Ројтерс.

„УКРАИНА Е ДАВЕНИК“ Остри зборови на полскиот претседател на сметка на Киев – Може да го удави спасителот, да ве повлече надолу со себе
  • Давеникот е крајно опасен бидејќи може да ве повлече зад себе. Едноставно може да го удави спасителот – рече тој на прес-конференција по неговиот говор на Генералното собрание на ОН, коментирајќи го спорот за украинското жито.

Според полскиот претседател, Украина е во многу тешка ситуација, па „фаќа се што може“. Но, Полска, нагласи Дуда, мора да дејствува во свој интерес и да се заштити, бидејќи доколку давеникот ги удави другите, нема да може да добие помош.

Покрај тоа, тој го повика Киев да не заборави дека добива помош од Полска.

  • Има деловни кругови кои имаат интереси во Украина и сакаат да продаваат жито што е можно побрзо и по најниска цена. Мораме да се заштитиме од тоа – заклучи Дуда.

Во средината на септември, Европската комисија одлучи да ги укине ограничувањата за увоз на жито од Украина во петте земји на ЕУ кои се граничат со неа, но го обврза Киев да воведе мерки за контрола на извозот. После тоа, властите на Словачка, Унгарија и Полска објавија дека еднострано ја продолжуваат забраната.

Киев одговори со поднесување тужби до Светската трговска организација, а министерот за економија Тарас Качка се закани со одмазднички санкции и забрана за увоз на овошје и зеленчук од Полска. Три земји од ЕУ тогаш најавија дека ќе ги бојкотираат состаноците на платформата за координација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.