На вооружените сили на Украина во Бердичи им се заканува опкружување по неодамнешната загуба на Новобахмутовка и Соловиев, а според некои воени блогери се очекува повлекување до 15 километри на запад.
Ним им се заканува загуба и на Нетајлов, Карловка, Умански, Новокалинов, Керамик, Архангелски…
По падот на Авдијивка во февруари, Украина одржа линија на одбрана во близина на Бердичи. За време на безмилосните борби во претходните два и пол месеци на тој дел од линијата на фронтот, беа изгубени и неколку американски тенкови Абрамс, обидувајќи се да го запрат напредувањето на руските трупи.
Воениот блогер Рибар наведува дека руските војници напредуваат и кај Новокалинов.
- Напаѓачките групи ја пробија одбраната на украинските формации во центарот на селото во правец на Керамик. Во моментов се зајакнуваат позициите во центарот на селото. Имајќи го предвид налетот од Очеретин во правец на Архангелск, не може да се исклучи дека во блиска иднина вооружените сили на Русија ќе можат целосно да го окупираат Керамик – вели Рибар.
- Нема да верувате каде е и што прави Ружица Ѓинѓиќ: Беше најмоќна жена, луѓето сега не ја препознаваат кога ќе ја видатИмено, серијата „Сабја“, која го следи атентатот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, како- прочитај повеќе
- Убил 8 жени пред и 2 жени по неа – само таа преживеала: Серискиот убиец го мачеле 26 часа, му кажала нешто што го спасило, а тој е осуден на смрт (фото/видео)Во 1984 година, Лиза Меквеј решила да се самоубие. По- прочитај повеќе
- Митрески: Владата со буџетот ги зголемува глобите и административни таксиСо новиот буџет на владата планирани се 54 милиони приходи- прочитај повеќе
- Обожавателите распалија по Ким Кардашијан поради мајчински гест: „Престани да ја сексуализираш ќерка ти, нека има детство“ (ВИДЕО)Најпопуларната од сите сестри Кардашијан, Ким, често е предмет на внимание- прочитај повеќе
- Сиљановска Давкова: Соломонско решение за спорот со Бугарија е она со одложено дејствоПретседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека излезното соломонско решение за- прочитај повеќе
Според него, Русите успеале да ги истуркаат противниците од Семјоновка.
- Остатоците од пешадијата на вооружените сили на Украина под оган на артилерија и беспилотни летала се повлекоа од северната периферија на селото на запад кон Новопокровски. Под контрола на вооружените сили на Русија делумно беа и шумските појаси кај Семјоновка. Борбите во моментов се водат на најзападната периферија на Бердици. Малку е веројатно дека непријателот ќе може долго да држи позиции поради неговото повлекување од Семјоновка. Следната линија на напад на Вооружените сили на Русија најверојатно ќе бидат шумските појаси на делницата Новопокровско – Новоселовка Перваја каде што сега украинските формации динамично градат одбрана – вели Рибар.
Украинскиот телеграм канал DeepState потврди дека руските војници ги зазеле Семјоновка и Соловиев и дека се водат борби за Керамик.
Инаку, Украина покрена истрага против бригадата која без наредба се повлече од позицијата кај Очетерин!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.