УКРАИНА ОСТРО ГИ ОСУДИ ПЛАНОВИТЕ НА КРЕМЉ – Претседателските избори во Русија за официјален Киев ќе бидат неважечки!

Официјален Киев изрази незадоволство поради плановите на Русија да одржи претседателски избори напролет, на кои ќе се кандидира актуелниот претседател Владимир Путин.

Министерството за надворешни работи на Украина ги прогласи изборите закажани за 17. март за „неважечки“ и вети дека сите меѓународни набљудувачи ќе бидат испратени да ги набљудуваат со цел да се соочат со кривична одговорност организаторите односно Кремљ.

Насилни малолетници добија кривични пријави: Натепале двајца скопјани
СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.04.2024 во Градскиот трговски центар во Скопје, пријавените …
(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа двајца мажи, бебе и девојче!
Тешка несреќа околу пладне се случила во Грција. Во несреќата учествувал камион и три автомобили, а загинати се четири лица. Четири други лица се тешко повредени. Загинатите се двајца …

Руските власти планираат да организираат гласање и во окупираните украински региони како Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

Планирано е гласање и на полуостровот Крим, кој беше незаконски анектиран од Русија во 2014 година.

Потсетуваме, Владимир Путин вчера објави дека повторно ќе се кандидира за претседател на Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.