Изгледа дека на Урош Чертиќ тешко му дојде излегување од куќата на Големиот брат. Многу изненаден кога водителката Марјана Мичиќ го прочита неговото име, ја напушти куќата после 15 дена престој во куќата, иако нешто покасно призна дека користел разни тактики за да остане што подолго во играта.
„ Се претставив баш така како што сакав. Сакав да направам некое шоу, нешто со што луѓето ќе се забавуваат. Го дрмаме комбето, се зезаме под постелнината. Првата вечер се направи тактика за да останеме што подолго во куќата,“ вели тој за порталот На Длану, непосредно после излегувањето, одбивајќи било каква идеја за секс, иако милиони гледачи видеа дека нешто се случува под јорганот.
„Не видов како е сето тоа монтирано. Но, вие верувате на телевизијата. Па тогаш верувајте и дека скокнав од зграда во филм“, беше јасен каскадерот кој призна дека малку се заљубил во Сораја, но веднаш одрече.
„Луѓе ова е шоу. Јас сум и сега во шоу, и ќе бидам и за седум дена.Додека сето ова не се заврши јас сум во некој полукарактер и шоу.“
Чертиќ додаде и дека ја измислил девојката која спрема докторат , бидејќи сите се фалат со дипломи во куќата, а на крајот уште еднаш додава дека симулирал секс.
„Да, луѓе јас можам да изглумам што сакам, јас се занимавам со таа работа. Интелигентните гледачи ја препознаа симулацијата. Зошто не би симулирал било што за 50 илјади евра?“, вели Урош.Изгледа дека на Урош Чертиќ тешко му дојде излегување од куќата на Големиот брат. Многу изненаден кога водителката Мар