Условите кои ни се поставуваат за томос се неприфатливи за нас


Г.г. Стефан: Условите кои ни се поставуваат за томос се неприфатливи за нас

Според поглаварот на МПЦ-ОА, некои барања на Цариградската патријаршија тешко ќе бидат позитивно одговорени и реализирани, особено тие поврзани со името и со дијаспората

Архиепискот охридски и македонски г.г Стефан / ФОТО: Принтскрин од видео на ТВ Стар

Архиепискот охридски и македонски г.г Стефан вели дека се неприфатливи условите што Вселенската патријаршија и ги поставува на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија за да и додели томос за афтокефалност.

Прашан кога ќе биде доделен томосот, тој за штипската телевизија ТВ Стар одговори – кога ќе се исполни времето.

„Тоа не може да се претпостави. Може да биде и утре, а може да биде и задутре. Така што ние да ја чуваме црквата, да ја градиме црквата, да градиме односи и релации со другите помесни православни цркви. Тоа ќе дојде кога ќе се исполни времето како што порачува и апостолот Павле“,

вели г.г. Стефан.

Прашан што конкретно се бара од македонската црква, тој рече дека и биле поставени неприфатливи услови.

 „Вселенската патријаршија која не упатуваше на тоа и за кое впрочем се потпишани сите православни цркви во Шамбези дека така треба тоа да се случува не прифати во заедничко сослужување во канонско единство со сите православни цркви. Ако ни даде томос ние ќе го прифатиме, но условите кои ни се поставуваат се неприфатливи за нас – откажување од името македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на украинската црква која ја призна Цариград“,

додаде тој.

Според поглаварот на МПЦ-ОА, некои барања на Цариградската патријаршија тешко ќе бидат позитивно одговорени и реализирани, особено тие поврзани со името и со дијаспората.

„Името ние си го имаме, тоа име е наше на никој друг не припаѓа и затоа не треба никој да бара да се откажуваме ние од нашето име, а името на нашата црква е Македонската православна црква возобновена Охридска архиепископија затоа се соджаи и двете имиња во името на нашата црква. Дијаспората кога ќе превземат од сите други народи православни кои имаат своја дијаспора тогаш нека биде и нашава но, тоа прашање тешко ќе биде реализирано односно одговорено во позитивна насока кон барањата на Цариградската патријашрија“,

одговори г.г. Стефан.

Пронајдете не на следниве мрежи: